• вторник, 24 декември 2024

Книжевна вечер за издаваштвото во Франција по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје

Книжевна вечер за издаваштвото во Франција по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје

Скопје, 17 септември 2024 (МИА) - Во Францускиот институт во Скопје денеска ќе се одржи книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент, во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, а како дел од програмата на 12. издание на Фестивалот „Про-за Балкан“.

Тема на средбата е издаваштвото во Франција. Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50 годишниот јубилеј.

Како што соопштија од Францускиот институт во Скопје, во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело. На средбата ќе се споменат и најзначајните книжевни наслови за оваа есен во Франција.

Настанот ќе го модерира Иго Бештел, директор на Францускиот институт во Скопје.бт/ев/

Фото: плакат

 

Остани поврзан