Информативна средба за доделување мали грантови за ромски и проромски здруженија
- Информативна средба за доделување на мали грантови за граѓански организации преку проектот „Ромско граѓанско општество за пристапување кон ЕУ”, ќе се одржи денеска, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен Центар – Скопје.
Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Информативна средба за доделување на мали грантови за граѓански организации преку проектот „Ромско граѓанско општество за пристапување кон ЕУ”, ќе се одржи денеска, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Граѓанскиот ресурсен Центар – Скопје.
Проектот финансиски е поддржан од Европската Унија, а е менаџиран од страна на Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите од Тетово во соработка со Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ Скопје и Симплексис од Грција.
-Целта на овој проект е да се придонесе кон зајакнување на активното учество на ромскиот и проромскиот граѓански сектор во одлучувањето и структурираниот политички дијалог за вклучување на Ромите, поефикасна имплементација на реформите во политиката поврзани со правото на ЕУ особено во врска со поглавјата 19 & 23, информираат организаторите.
Во рамки на овој проект е предвидено да се доделат 10 грантови на граѓански организации во износ од 2.000 до 5.000 евра.
На информативна средба ќе бидат презентирани целите, критериумите, условите и начинот на аплицирање на повикот за доделување на грантови. ир/нд/
Фото: Скриншот