• среда, 27 ноември 2024

Изложба „Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска

Изложба „Фото-графички експерименти“ на Ана Трајковска и Јана Луловска

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - Во излогот на Францускиот институт денеска ќе биде отворена изложбата „Фото-графички експерименти“. Aвторки на изложбата се двете уметници Ана Трајковска и Јана Луловска.

Овој заеднички проект, којшто ја прикажува симболичната врска помеѓу фотографијата и графиката како медиуми за визуелна естетика и раскажување приказни, беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивната двомесечна уметничка резиденција во Cité internationale des arts во Париз.

„Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ призмата на колаборативна уметност, која повикува на размислување за невидливите слоеви на градот, скриени под површината.

Изложбата е во организација на Францускиот институт во Скопје и истата се прикажува во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на институтот.

Станува збор за дела во кои, низ уникатен пристап, двете уметници ги истражуваат безвременските културно-историски знаменитости и архитектуртата на Париз, како спој на минатото и сегашноста.

Изложбата ќе остане отворена во текот на наредните два месеца.бт/са/

Фото: Француски институт во Скопје

 

Остани поврзан