• четврток, 26 декември 2024

Изложба „Сега е време“ на Ликовната колонија Галичник во Мала станица

Изложба „Сега е време“ на Ликовната колонија Галичник во Мала станица

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Изложба на дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник ќе биде отворена вечерва во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 часот. 

- Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои „Сега е време“ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не успееме со посуштествени системски промени да влијаеме врз промена на свеста и врз менување на девастирачката моќ на Капиталот тогаш ќе треба „да молчиме засекогаш“, т.е. ќе бидеме немоќни да направиме било каква промена и подобрување на животните услови, вели Ана Франговска, куратор на изложбата и претседател на здружението.

Таа истакнува дека уметноста е важна и може заедно со природните и хуманистичките науки да се користи за да се размислува за еколошката правда.

- Уметниците ги истражуваат природните и културните комплексности, нагласувајќи ги политичките аспекти на екологијата, одржливоста, социјалната правда и економската еднаквост. Тековните уметнички позиции и модели на дејствување комбинираат експериментален и перцептивен ангажман со постколонијална етичко-политичка практика, потенцира Франговска. ир/нд/


Фото: Мултимедијалниот центар Мала станица

Остани поврзан