• петок, 27 декември 2024

Изложба на Киро Урдин во Букурешт по повод 2 Август

Изложба на Киро Урдин во Букурешт по повод 2 Август

Скопје, 2 август 2023 (МИА) – По повод 2 Август, Денот на независноста во еминентната галерија „Константин Бранкуши“, сместена во рамките на Центарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент во Букурешт, вечерва ќе биде отворена изложбата „Табула Раса” на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин.

На два монитора во галеријата со површина од околу 600 квадратни метри посетителите ќе можат да ги проследат документарните филмови на Урдин, „Планетариум” и „Табула Раса”.

Куратор на изложбата е историчарката на уметност Марика Теохаревска, а комесар на проектот е историчарот на уметност Јане Теохаревски. 

Изложбата, која ќе  трае до 31 август, финансиски е поддржана од нашето Министерство за култура, медиумски спонзор е каналот „ТВ Културал“  на Романската национална телевизија, а помагатели се македонската амбасада во Букурешт, „Пивара“ Скопје, винаријата „Попова Кула“ и „Меана“ од Букурешт.

Урдин неодамна имаше успешен настап во галеријата „Амадлози“ на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци“. вј/нд/

Фото: Киро Урдин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан