• четврток, 26 декември 2024

Изложбата „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ во Музејот на македонската борба

Изложбата „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ во Музејот на македонската борба

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Изложбата „Светите новомаченици од Јасеновац во светлината на воскресението“ на Музејот на жртвите на геноцидот од Белград ќе биде отворена денеска во Музејот на македонската борба за самостојност.

Изложбата се состои од дела на монахињата Марија (Антиќ), член на сестринството на манастирот Раѓање на свети Јован Крстител (Јасеновац, Хрватска), дел од Српската православна епархија Пакрац-Славонија, кои се инспирирани од вистинските и трагични настани што се случиле во Јасеновац за време на Втората светска војна.

- Изложените дела на авторката, која е монахиња, и е необучен визуелен уметник, се базирани на иконографските традиции, измешани со наивното, но содржат и суптилна врска со реалистичното сакрално сликарство на Христијанската православна црква и најдобрите традиции на школата за иконопис, објаснуваат од Музејот.

Изложбата се организира како резултат на потпишаниот Протокол за соработка меѓу Музејот на жртвите на геноцидот од Белград, Република Србија и Музејот на македонската борба за самостојност.

Изложбата ќе биде отворена до 15 декември. ир/бак/

 

Фото: Музејот на македонската борба за самостојност

Остани поврзан