• недела, 28 јули 2024

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски и филмска поезија од Дејан Трајкоски денеска од 19 часот во Europe House во Крива Паланка ќе биде изведен проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија”.

Како што најавуваат организаторите, станува збор за интердисциплинарен проект во развој: фузија на поезија, филм и музика.

-Идејата е да се реобмисли уметничко дело и да се создаве ново, во поинаква форма од оригиналното. Се работи за песни инспирирани од сцени од повеќе филмови. Поезијата од Трајкоски ќе биде изведувана од Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, инспирирана од оригиналните филмски композиции, стои во најавата.

Проектот е поддржан од Европска Унија, а се реализира во организација на Метрика Култура. вг/са/

 

Фото:  Метрика Култура

Остани поврзан