• петок, 27 декември 2024

„Златна лира“ 2023: Концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска

„Златна лира“ 2023: Концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) – Во рамки на фестивалот „Златна лира“ вечер концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска Ивановска. Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба, со почеток во 20 часот.

Дуетот ќе настапи со дела од Шуман, Сен-Санс, Лутославски, Ковач, Берксон и Шаловски.

Ристо Ѓоревски додипломските и постдипломските студии по кларинет ги завршува на ФМУ во Скопје (класа на проф. Иван Кочаров). Во текот на своето образование забележува бројни настапи како на концерти така и на државните натпревари по кларинет и камерна музика. Во 2015 година како дел од „Дуо кларинети“ Ѓоревски-Бакревски ја освојува Сребрената плакета на натпреварот „Свирел“ во Словенија, во категоријата камерни состави.

Минатата година Ристо Ѓоревски ја доби наградата „Златна лира“ за врвни остварувања во текот на една година.

Елена Атанасовска – Ивановска дипломира со cum laude, а потоа и магистрира на ФМУ во Скопје (класа на проф. Борис Романов). На истата институции ги завршува и докторските студии по музички науки под менторство на проф. Ганка Цветанова.

Атанасовска – Ивановска е вонреден професор по пијано на ФМУ во Скопје и пијано соработник на оркестарот за филмска музика F.A.M.E.S.

Годинашното, 17-то по ред издание на фестивалот на камерна музика „Златна лира“ се одржува од 16 до 31 октомври во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ.

Фестивалот „Златна лира“ се реализира во соработка и со поддршка на Министерството за култура, Факултетот за музичка уметност во Скопје, Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) и фестивалот „Охридски бисери“. ир/лв/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан