• понеделник, 29 јули 2024

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Меѓународниот ден на туристички водичи

Скопје, 19 февруари 2023 (МИА) - По повод 21 февруари - Меѓународниот ден на туристичките водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.

Во Скопје појдовна точка е Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското кале.

- Термините за разглед во Скопје ќе бидат со почеток во 12, 13 и 14 часот, а во Битола со почеток во 12 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој разглед и да учествуваат на овој настан ги очекуваме, информираат од Македонската асоцијација за туристички водичи. бт/са/

Остани поврзан