• четврток, 12 февруари 2026

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе се одржи настанот „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“.

Како што информираат од собраниската прес-служба, воведни обраќања ќе имаат претседателот на законодавниод дом, Африм Гаши, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, и главниот државен ревизор, Максим Ацевски.

За надзорната улога на Собранието и улогите на комисиите ќе говорат Сања Лукаревска, претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет, и Бојан Стојаноски, претседател на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. Претставник на ДЗР ќе говори за улогата на Државниот завод за ревизија во поддршка на собранискиот надзор.

Настанот ќе биде заокружен со заклучоци.фф/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан