• сабота, 28 декември 2024

Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта

Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Парламентарниот институт во Собранието денеска ќе се одржи Едукативна активност „ИМАМ СТАВ“ за ученици од средните училишта. 

Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието. 

Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан