• сабота, 21 декември 2024

Едукативен настан по повод светскиот ден на оралното здравје

Едукативен настан по повод светскиот ден на оралното здравје

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Со цел да се зголеми свесноста за важноста на оралното здравје и да се превенира од најрана возраст, денеска во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје под мотото „Заедно сме посилни во превенција и третман“, ќе се одржи едукативен настан по повод Светскиот ден на оралното здравје. Настанот е во организација на „Анни Медиа“, а е поддржан од Стоматолошката Комора, Центарот за семејна медицина при Медицински Факултет Скопје и Ionickiss Македонија.

На настанот докажани и познати фармацевти, стоматолози, матични лекари, педијатри и ОРЛ специјалисти од земјава ќе имаат свои излагања. Предавањата не се само за стручните медицински лица, туку и за целокупната јавност, за сите оние индивидуи кои се грижат за своето здравје, и кои сакаат да бидат во тек со најновите информации од областа на оралното здравје.

- Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата. Дополнително уште позагрижувачки е податокот дека се поголем е бројот и на деца кои имаат расипани заби, и кои недоволно се грижа за оралното здравје. Оралните болести влијаат врз животот во секој поглед, на самодовербата во училиште, на работа, па дури и при вкусот на храната. „Здравјето влегува преку уста“ често се слуша, но за жал не се обраќа доволно внимание на оралното здравје, истакнаа од „Анни Медиа“.

Настанот има за цел да ја афирмира оралната хигиена, да охрабри посета на стоматолог и да мотивира да се грижиме за своите заби за време на нивниот живот. см/сп/

Остани поврзан