• четврток, 26 декември 2024

Дурмиши на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес

Дурмиши на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.

Како што информираат од Министерството за економија и труд, Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис форум ќе дискутираат на тема „Десет години Берлински процес-Западен Балкан како економска област на патот на ЕУ“.

На конференцијата ќе присуствуваат и министрите за економија на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Берлинскиот процес беше воспоставен во 2014 година како платформа за соработка на високо ниво меѓу високи официјални претставници на шест земји од Западен Балкан и нивните колеги во земјите домаќини на Берлинскиот процес. 

Процесот ги вклучува и институциите на ЕУ, меѓународните финансиски институции и граѓанското општество во регионот, Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и бизнисите.вј/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан