• недела, 24 ноември 2024

Добротворен базар на социјални претпријатија во рамки на кампањата „Денови за донирање“

Добротворен базар на социјални претпријатија во рамки на кампањата „Денови за донирање“

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Добротворен базар на социјални претпријатија ќе се одржи денеска во „Ист гејт мол“ со кој ќе се заокружи  кампањата „Денови за донирање“.

На базарот ќе бидат поставени штандови каде што ќе може да се купат производи од социјални претпријатија, со што, како што велат организаторите, ќе им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно.

Настанот се одржува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Во првата кампања „Денови за донирање“ се вклучиле 2000 граѓани, организации и компании.

-Заеднички создаваме можности секој граѓанин и компанија да вложат во подобра иднина во нашата земја. На настанот присутните ќе имаат можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 12 социјални претпријатија, наведуваат УСАИД и Конект.

Настанот ќе може да се посети од 11 до 17 часот. Официјалното отворање ќе биде во 13 часот со обраќања на директорката на УСАИД во Република Северна Македонија, Џери Дајбл, извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова, и гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“, Огнен Јанески.

-Ќе им оддадеме и признание на музичките ѕвезди, модните дизајнери, компаниите и донаторите коишто ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и овозможија да го отпочнеме првиот Донаторски фонд во нашата земја, наведуваат организаторите на добротворниот базар. хс/са/

Фото: УСАИД и Конект 

 

 

Остани поврзан