ДКСК ќе одржи седница
- Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи седмата седница преку ZOOM комуникациската платформа.
![ДКСК ќе одржи седница](https://new.mia.mk/index.php/images/20240707133158_big_730x400_56.webp )
Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи седмата седница преку ZOOM комуникациската платформа.
Како што информираат од ДКСК, на дневен ред се две точки - решение за запишување на лоби организација во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање, како и прашања и предлози. бт/нд/
Фото: МИА Архива