• недела, 01 септември 2024

НАЈАВА/ Делови од Кисела Вода, Карпош, Бутел и Ѓорче Петров без струја

НАЈАВА/  Делови од Кисела Вода, Карпош, Бутел и Ѓорче Петров без струја
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК - Скопје. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Саса“ вр.32 во населбата Пинтија, Општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот корисниците од село Бардовци, Општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот од улиците „Бутелска“ бр 47,49 и 51, и сите потрошувачи на „Бутелска“ бр.7а од бр 1 до 19, Општина Бутел, а од 10:00 до 14:45 часот корисниците од селото Никиштани, ул „4“ кон училиштето, Општина Ѓорче Петров.фф/лв/

Остани поврзан