• среда, 25 декември 2024

Делегација на Вооружените сили на Турција во официјална посета на Северна Македонија

Делегација на Вооружените сили на Турција во официјална посета на Северна Македонија

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Метин Ѓурак, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Генерал Метин Ѓурак по пречекот со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски. 

Главни теми на средбата, како што соопшти Генералштабот на Армијата, ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, процесот на трансформација и модернизација на Армијата и придонесот на Армијата во меѓународните операции и мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Ѓурак ќе оствари средба со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова. дма/са/

Фото:МИА архива

 

 

 

Остани поврзан