• среда, 13 ноември 2024

Вечер посветена на Васил Хаџиманов во Белград

Вечер посветена на Васил Хаџиманов во Белград

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ што годинава по 13-ти пат се одржува во Белград, во организација на здружението „Македониум“ од Белград, денеска ќе се одржи вечер посветена на Васил Хаџиманов.

По тој повод ќе биде прикажан документарниот филм „Фениксот од Кавадарци“ на Мишо Нетков, а дека музиката што Васил Хаџиманов ја собирал и сочувал од заборав сè уште се изведува и на овие простори ќе покаже КУД „Васил Хаџиманов“ од Јабука со својата пејачка и фолклорна група, која годинава го одбележува големиот јубилеј 60 години постоење и ансамблот „Македониум“ од Белград.

Програмата ќе биде одржана во големата сала на ПАН театарот од 19 часот.

Манифестацијата  Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ традиционално ја поддржуваат Македонскиот национален совет, Министерството за култура на Република Србија и претпријатието Алкалоид. сст/са/

 

Остани поврзан