• четврток, 26 декември 2024

Врачување на државната награда „11 Октомври“

Врачување на државната награда „11 Октомври“

Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) -  Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски.  Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката.

Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски се добитници на наградата  „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

Оваа одлука ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на седница одржана на 11 септември 2024 година.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“ е проф. д-р Елена Јованова - Грујовска. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан