Во Собранието ќе заседаваат две комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за здравство е Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка и Предлог на законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, во прво читање. фф/са/
Фото: МИА Архива