• среда, 25 декември 2024

Во Крива Паланка средба на министерот Пенов со постојаниот претставник на УНДП Григоријан

Во Крива Паланка средба на министерот Пенов со постојаниот претставник на УНДП Григоријан

Скопје, 29 ноември 2023 (МИА) - Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, во Општина Крива Паланка денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, ќе оствари средба со Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП и Илмиасан Даути, програмски аналитичар и раководител на проектот.

Како што соопштија од Министерството за локална самоуправа, целта на оваа средба е подобра имплементација на проектот „Изградба на памп-трак полигон за унапредување на туристичката понуда во општината“.

На средбата ќе се дискутира и за Програмата за развој на капацитети на советниците, имплементираните ИКТ алатки за поголема транспарентност на советот и општината, како и тематските работилници и вмрежувањето. цр/лв/

Фото:МИА архива


 

Остани поврзан