Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко" за 2024 година
- Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ денеска ќе го објави добитникот на наградата за животно дело „Петре Прличко" за 2024 година.
![Велешкиот театар ќе го објави добитникот на наградата „Петре Прличко](https://new.mia.mk/index.php/images/20240311165030_big_730x400_61.webp )
Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ денеска ќе го објави добитникот на наградата за животно дело „Петре Прличко" за 2024 година.
На прес - коференција што ќе се одржи во фоајето на тетарот, најавени се обраќања на градоначалникот на Велес Марко Колев, директорот на установата Сашо Димоски, режисерот Ненад Витанов и актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски.
Од театарот најавуваат дека ќе ја објават програмата за третото издание на Фестивалот на популарни претстави „5РЕ" и ќе информираат за првата премиера на Џинот за 2024 година „Вечера за глупаци". вг/лв/
Фото: МИА Архива