Ведро и студено утро, сончево со мала до умерена облачност во текот на денот
- Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Времето утрово е ведро и студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, ведро и студено утро, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 15 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и потопло време, освен утре (четврток) кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег.
- Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/бак/
Фото: МИА архива