• среда, 27 ноември 2024

„Вардар филм прикажува - македонски филмски класици“

„Вардар филм прикажува - македонски филмски класици“

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Со прикажување на култниот филм „Тетовирање“ во режија на Столе Попов (филм на 35mm лента), снимен во 1991 година, кој е во продукција на Вардар филм, вечер во 20:00 часот, во Кинотеката свечено ќе биде отворен фестивалот „Вардар филм прикажува - македонски филмски класици“. 

Програмата, се посочува, ќе биде збогатена и со други четири филмски класици од нашата богата ризница на македонската кинематографија, дела на наши реномирани режисери. Станува збор за филмовите „Среќна Нова 49“ и „Џипси меџик“ на Столе Попов, „Исправи се Делефина“ на Александар Ѓурчинов и „Хај фај“ на Владимир Блажевски.

Сите пет филмови ќе се прикажуваат и низ неколку центри за култура низ целата држава до крајот на годината, најавуваат од НУФЦ „Вардар Филм“-Скопје. вг/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан