• вторник, 24 декември 2024

Бесплатен козметички третман на велосипеди во „Јавна соба“

Бесплатен козметички третман на велосипеди во „Јавна соба“

Скопје, 14 септември 2024 (МИА) - Работилницата „Козметички третман на велосипед“ што ќе се одржи денеска  во „Јавна соба“, ќе го најави фестивалот Skopje Design Week. Работилницата е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и Браникца Јордановска.

Велосипедистите кои сакаат да им дадат козметички третман на своите нови или постари велосипеди и на тој начин да ја подобрат видливоста во сообраќајот можат да ја посетат оваа необична работилница и да си заминат со уникатен дизајн на велосипед. Идејата на работилницата е да истражи дел од бесконечните можности за надградба на дизајнот и естетиката на велосипедот.

Сите заинтересирани за овој третман може да се пријават на info@publicroom.org

Партнер на работилницата е Стопанска Банка Скопје.

Skopje Design Week е фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн, а ќе се одржува од 6-ти до 10 ноември во Мала Станица, Јавна соба и во книжарницата Литература во Дајмонд Мол. Мотото на годинашното издание е „За новата генерација на Скопје!“. мч/са/

фото: плакат

Остани поврзан