Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
- Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
![Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково](https://new.mia.mk/index.php/images/20240501230839_big_730x400_18.webp )
Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. хс/лв/
Фото: МИА архива