• среда, 25 декември 2024

Филипче и Меџити ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за скандалот со Онкологија

Филипче и Меџити ќе бидат сослушани пред Анкетната комисија за скандалот со Онкологија

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот министер за здравство Венко Филипче и актуелниот министер Фатмир Меџити денеска ќе бидат сослушани пред Анектната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија. 

Претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи најави дека денеска прв ќе одговара Филипче, и оти потоа ќе зборува Меџити. 

Досега пред Анкетната комисија, која треба да утврди политичка одговорност за скандалот со терапијата на Онкологија, зборуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот министер за здравство Беким Сали.  

За скандалот на Онкологија Јавното обвинителство се уште води истрага, а повремено протести организираат групи пациенти и членови на семејствата на починати од рак. ев/вг/

 

Остани поврзан