• четврток, 26 декември 2024

Ангелоски на дводневен регионален инвестициски форум во Јахорина

Ангелоски на дводневен регионален инвестициски форум во Јахорина

Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски, денеска и утре, ќе учествува на регионален инвестициски форум во „Инвест Српскa" што ќе се одржи во Јахорина.

Форумот се одржува во организација на Инвестициско-развојната банка на Република Српска, во соработка со Владата на Република Српска и со поддршка на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ.

На форумот, како што соопшти Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе присуствуваат истакнати претставници на домашни и меѓународни институции, меѓу кои и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, претставници од бизнис секторот, претставници од коморите како клучен сегмент во поврзувањето на бизнис секторот...

За време на конференцијата, дискусиите ќе се фокусираат на актуелните глобални настани и нивните влијанија врз домашните социо-економски трендови, модалитетите за промовирање на извозот и инвестициите.

- На форумот ќе бидат презентирани конкретни понуди за инвестирање во Република Српска, од јавен проект до инвестиции во деловни и индустриски зони, деловни врски меѓу меѓународни компании и компании од Република Српска преку B2B средби, кои се дополнителна можност за извоз кој е клучен фактор за одржлив економски раст и подобрување на конкурентноста на економијата, да ги поврземе инвеститорите и експертите од различни сектори се нови можности за развој и раст, кои се главна заложба на Сојузот на стопански комори, вели Ангелоски. дма/бак/


Фото: Сојуз на стопански комори на Македонија

Остани поврзан