• понеделник, 29 јули 2024

Турски театар со премиерна изведба на претставата ТИК-ТАК

Турски театар со премиерна изведба на претставата ТИК-ТАК

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Националната установа „Турски театар“ вечер со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Комедија, премиерно ќе ја изведе претставата ТИК-ТАК.

Адаптација и режија на претставата работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева припаѓаат на Синиша Ефтимов, а улогите ги толкуваат Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет и Бурханедин Ибрахим.

Во текот на изведбата ќе се проектира и превод на македонски јазик. сх/дма/

Фото: НУ „Турски Театар“

Остани поврзан