• среда, 27 ноември 2024

Регионална работилница на СЗО и УНФПА за интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови

Регионална работилница на СЗО и УНФПА за интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Регионалната работилница насловена „Ориентација и градење капацитети за зајакнување на интеграцијата на сексуалното и репродуктивното здравје во националните планови за универзална здравствена покриеност и процесите во Западен Балкан“, ќе биде денеска отворена во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 9:00 часот

Работилницата, која е организирана од Светска здравствена организација (СЗО) и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во партнерство со Министерство за здравство, ќе трае од 24 до 26 септември.

На неа ќе учествуваат експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово* (*UNSCR 1244), Северна Македонија и Србија, а фокусот ќе биде интегрирање на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) во националните процеси на Универзалната здравствена покриеност.

- Овој настан ги обединува клучните креатори на политики, здравствените работници и граѓанските организации од целиот Западен Балкан, со цел да ги зајакне напорите за подобрување на здравствените системи во државите од регионот, велат организаторите. ир/са/

 

Фото: Скриншот

Остани поврзан