• петок, 27 декември 2024

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Скопје, 20 август 2024 (МИА) - Синоптичарите најавуваат за денеска променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 степени.

- Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст, соопштуваат од УХМР. ир/нд/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан