Прекинато водоснабдување за дел од корисниците на ул. Перо Наков бб
- Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центарот за управување со кризи - Скопје.
![Прекинато водоснабдување за дел од корисниците на ул. Перо Наков бб](https://new.mia.mk/index.php/images/20230620135338_big_730x400_25.webp )
Скопје, 21 јуни 2023 (МИА) - Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје.
ЈП Водовод и Канализација го известил Центарот дека прекинот е поради дефект на затворач 250 мм на ул. Перо Наков бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. ац/бак/