Клиниката за гастроентерохепатологија ќе почне да изведува две нови медицински процедури
- На Клиниката за гастроентерохепатологија, во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод почнувањето две нови медицински процедури: холангиоскопија и апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS).
Скопје, 1 април 2026 (МИА) - На Клиниката за гастроентерохепатологија, во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ - Скопје, денеска ќе се одржи настан по повод почнувањето две нови медицински процедури: холангиоскопија и апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS).
Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката.
Како што информираат од Клиниката, почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по гастроентерохепатологија и шеф на Гастроентеролошката клиника, Acibadem (Tokuda) Hospital, Софија. ац/ев/
Фото: МИА архива