• четврток, 26 декември 2024

Мултимедијален проект „Капење“ на Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков во Чифте амам

Мултимедијален проект „Капење“ на  Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков во Чифте амам

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Мултимедијалниот проект, насловен „Капење“, на авторите Дориан Јовановиќ и Стефан Шашков денеска ќе биде отворен во Чифте амам, со почеток во 20 часот и ќе трае до 7 јануари 2024 година.

Оваа инсталација на видеа и звук, е последен проект за 2023 година на Националната галерија.

- Со овој проект, на еден симболичен начин, ја продолжуваме традицијата на амамот, како место за прочистување, додавајќи и една нова димензија, а тоа е прочистување на перцепцијата со светлосни и аудиовизуелни „козметички“ средства, велат од Националната галерија.

Оттаму, објаснуваат дека светлосно визуелниот дел содржи видеа и звук проектирани на ѕидовите, додека посетителите со своите сенки ќе дадат една непредвидлива динамика на сиот визуелен простор, кој во ниту еден случај не може да биде повторен. ир/са/

Фото: Национална галерија

Остани поврзан