• среда, 25 декември 2024

„Мобилност Македонија“ со изложба на слики по повод Светскиот Ден на лицата со попреченост

„Мобилност Македонија“ со изложба на слики по повод Светскиот Ден на лицата со попреченост

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) – По повод Светскиот Ден на лицата со попреченост 3 Декември, денеска со почеток во 19:30 чaсот во мултифункционалниот објект Порта Македонија, ќе биде отворена изложба на слики од XIII Mеѓународна ликовна колонија на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Северна Македонија „Мобилност Македонија“, која од 2-7 октомври оваа година се одржа во Охрид.

Како што соопштуваат од „Мобилност Македонија“ на изложбата ќе бидат изложените дела изработени од академски сликари, академски сликари со телесен инвалидитет и талентирани лица со телесен инвалидитет од Македонија, Бугарија и Србија.

Целта за организирање на ликовните колонии е да се подржи и поттикне уметничкиот израз кај талентираните членови – лица со телесен инвалидитет, да создадат правилна перцепција за ликовните и естетските вредности, развивање на способност за препознавање и соодветно вреднување на уметничките изрази и појави од секојдневниот живот.ар/ев/

Фото:МИА архива 

Остани поврзан