Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници го одбележува меѓународниот Ден на туристички водичи
- Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира настан за одбележување на меѓународниот Ден на туристички водичи.
Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира настан за одбележување на меѓународниот Ден на туристички водичи.
Асоцијацијата, како што се наведува во соопштението четврта година по ред го одбележува овој ден со бесплатен разглед на градот Скопје.
-Ден посветен на луѓето кои ги раскажуваат приказните на градовите, ја чуваат и негуваат културата, историјата,традицијата и го доближуваат светот до посетителите. Дојдете заедно да ја прославиме професијата што ги поврзува луѓето, културите и приказните! Сите сте добредојдени!, се додава во соопштението. ац/
Фото: Македонската асоцијација на туристички водичи