• сабота, 27 јули 2024

Концерт на гитаристот Стив Ваи во Скопје

Концерт на гитаристот Стив Ваи во Скопје

Скопје,  26 април 2023 (МАИ) – Гитаристот Стив Ваи денеска ќе одржи концерт во Борис Трајковски во Скопје.

Концертот претходно закажан во СРЦ Кале е преместен во Борис Трајковски, а влезниците ќе важат во новата локација.

Како дел од листата на 10-те најдобри гитаристи на сите времиња, Стив Ваи свирел и бил дел од студиските албуми на Френк Запа, Мотохед. Дејвид Ли Рот, Вајтснејк, Паблик имиџ лтд, истовремено градејќи богата кариера како виртуоз со крајно индивидуалистички и иновативен пристап кон својот инструмент, осум соло албуми и три Grammy награди.

Стив Ваи доаѓа во Скопје по повод промоција на неговиот актуелен албум Инвиолејт, кој изминатава година се позиционираше како број 1. на Хард рок албумс листата.

Влезници може да се набават онлајн на www.avalon.mk и низ продажната мрежа на Авалон низ Македонија.свс/

Остани поврзан