• недела, 24 ноември 2024

Изложба на јапонски кукли „НИНГЈО“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија

Изложба на јапонски кукли „НИНГЈО“ по повод 30 години дипломатски односи со Јапонија

Скопје, 1 март 2024 (МИА) -  Триесетгодишнина од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија ќе биде одбележана вечер (18.00) со свеченост во Археолошкиот музеј во Скопје. 

Најавени се обраќања на амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и државниот секретар од Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, по што директорката на музејот, Славица Бабамова, ќе ја отвори изложбата на јапонски кукли „НИНГЈО“ поддржана од Јапонската фондација. ар/лв/
Фото: Јапонска амбасада

Остани поврзан