• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Завршна конференција „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителни одговори на локалните власти на кризи“

Завршна конференција „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителни одговори на локалните власти на кризи“

Скопје, 15 април 2025 (МИА) -  Во Скопје денеска ќе се одржи завршна конференција на регионалниот проект „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителни одговори на локалните власти на кризи во 3 земји“ кој НВО Новинари за човекови права-Скопје го спроведоа во период од 18 месеци, заедно со лидерот Здружение на жени Природа-Братунац, Босна и Херцеговина и партнерот Младинско здружение Бечеј-Бечеј, Србија.

На настанот ќе бидат споделени проектните активности и резултати како и заклучоци и препораки од анализата која трите партнери ја спроведоа во вкупно 24 општини, по осум во секоја земја. Во државава Здружението на Новинари за човекови права Скопје, го спроведе проектот во осум мали до средно развиени општини по една од секој плански регион: Виница, Дебар, Демир Капија, Дојран, Јегуновце, Кратово, Ресен и Чучер-Сандево во соработка со повеќе граѓански организации во овие општини. 

Регионалниот проект се спроведува во рамки на проектот „Зајакнување на транспарентност и одговорност за родова еднаквост во Западен Балкан и Молдавија (GBWN)“, кој се спроведува со поддршка на Австриската агенција за развој (ADA) и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (SIDA) и Gender Budget Watchdog Network.лв/ев/

фото:принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан