• сабота, 23 ноември 2024

Сончево и топло, максималната температура до 41 степен

Сончево и топло, максималната температура до 41 степен

Скопје, 15 август 2024 (МИА) - Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде 8, соопштуваат од УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Синоптичарите најавуваат дека од денеска и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

- За време на викендот и во почетокот на следната седмица нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, известуваат од УХМР. ир/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан