• недела, 28 јули 2024

Фестивал за класичен балет и модерен танц

Фестивал за класичен балет и модерен танц

Скопје, 12 јуни 2023 (МИА) - Во Националната опера и балет вечер ќе биде отворено третото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Организатор на фестивалот е Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка на Град Скопје.

- Фестивалот за класичен балет и модерен танц е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и модерниот танц, изјави директорката на установата Билјана Лалчевска Серафимовска.

Фестивалската програма опфаќа класичен балет и мноштво од современи стилови.  Публиката ќе има можност да ги проследи изведбите на малите балерини, членови на балетската секција на ДКЦ „Карпош“, Балетското студио „Балерина“, ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, Оља Тодоровска, како и гости од странство, Studio Baletit Angels, од Приштина и гостите од Љубљана - KGBL. мд/сп/

Фото: ДКЦ „Карпош“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан