• среда, 25 декември 2024

Начевски: Верувам дека набрзо ќе се видат позитивни резултати од работењето на Дрисла

Начевски: Верувам дека набрзо ќе се видат позитивни резултати од работењето на Дрисла
Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Директорот на Дрисла Коста Начевски денеска при посетата на депонијата рече дека овие две недели откако е поставен за директор на претпријатието навлегол во суштината и проблематиката на депонијата, и дошол до одредени информации - за начинот на третирање на отпадот од секаков тип – комунален, медицински, технолошки. - Сите добро знаеме дека целото внимание беше свртено против Дрисла, правиме дренажи, ги користам сите човечки ресурси во претпријатието што ги затекнав. За волја на вистината има доста квалитетни кадри внатре кои се волни да излезат во пресрет, да си ја вршат својата работа да ги откриеме сите сомнежи коишто претходно беа фрлени како сомнеж према Дрисла дека тука нешто се случува, рече Начевски. Директорот верува дека набрзо ќе се видат позитивните резултати од работењето на ЈП Дрисла. Градночалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска посочи дека работат на оспособување на машинеријата што постоела претходно со цел намалување на трошоците. Тој повтори дека е набавен стерилизатор што ќе биде пуштен во употреба во април. -Моите очекувања се дека тој би можел да биде пуштен во употреба некаде во април годинава, да се доврши договорот којшто за жал никогаш не беше реализиран од приватните партнери и во разговори и преговори сме во дизајнирање на тоа гасовите коишто се создаваат, односно депониските гасови коишто се создаваат овде може да биде изградена една постројка која што за потребите на Град Скопје или за сметка на Град Скопје ќе може тој гас да произведува електрична енергија, рече Шилегов. Градоначалникот гарантира дека капацитетот на нашиот град ќе работи согласно сите позитивни законски прописи, додавајќи дека сите немили настани или сомнеж дека такви нешта може да се случат во иднина, ќе ги нема.бт/мс/      

Остани поврзан