• среда, 25 декември 2024

Начевски и Николов ќе го судат финалето на Европското во ракомет

Начевски и Николов ќе го судат финалето на Европското во ракомет
Виена, 23 јануари 2020 (МИА) - Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска објави дека македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на Европското првенство. За Николов и Начевски тоа ќе биде прво големо финале на сениорско натпреварување. Додека судеа натпревари во младинска конкуренција имаа едно финале на Светско првенство за младинци. Финалето на ЕП 2020 се игра во недела од 16 часот во Стокхолм.

Остани поврзан