• вторник, 24 декември 2024

Началникот на ГШ Ѓурчиновски на конференција на Воениот комитет на НАТО во Норвешка

Началникот на ГШ Ѓурчиновски на конференција на Воениот комитет на НАТО во Норвешка

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска е во официјална посета на Норвешка, каде што утре во Осло ќе учествува на годишната конференција на Воениот комитет на НАТО, во формат на началници на генералштабови.

-Началникот на Генералштабот за време на конференцијата со началниците на генералштабови на земјите членки на НАТО, согласно агендата, ќе дискутираат за начините и потребните мерки кои треба да се преземат врз основа на донесените одлуки од самитот на НАТО во Вилнус. Овие одлуки се однесуваат,  меѓу другото, и на потребата за зголемување, зајакнување и развој на капацитетите, прилагодување на командните и контролни структури на НАТО, како и изведување заедничка обука за целосна интероперабилност во колективната одбрана, информира Министерството за одбрана.

За време на конференцијата, додава МО во соопштението, генерал Ѓурчиновски ќе има можност да разговара со своите колеги од НАТО и за повеќе теми кои се од заемен  интерес. хс/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан