• недела, 28 јули 2024

Началникот на ГШ на нигериската армија загина во авионска несреќа

Началникот на ГШ на нигериската армија загина во авионска несреќа
Абуџа, 22 мај 2021 (МИА) - Началникот на Генералштабот на нигериската војска Ибрахим Атахиру вчера загина при пад на воен авион, потврди портпаролот на армијата. Воениот авион се урна вчера во близина на меѓународниот аеродром Кадуна, северна Нигерија. Приините за несреќата се уште не се познати. Атахиру загина два дена по ранувањето на лидерот на екстремистичката група Боко харам, Абубакар Шекау во судир со ривалска екстремистичка група во североисточниот дел на Нигерија. Нигериската армија се бори против екстремистите од 2009 година. во судирите загинале повеќе од 40.000 луѓе, а над два милиони се раселиле. ми/

Остани поврзан