• среда, 25 декември 2024

Началникот на ГШ на израелската армија формираше истражен тим за околностите за нападот на Хамас на 7 октомври

Началникот на ГШ на израелската армија формираше истражен тим за околностите за нападот на Хамас на 7 октомври

Ерусалим, 5 јануари 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал полковник Херзи Халеви, формираше тим составен од поранешни воени функционери кои ќе ги испитаат пропустите на војската што доведоа до нападот на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври врз јужен Израел.

Во истражниот тим, меѓу другите, ќе бидат и поранешниот началник на Генералштабот на армијата Шаул Мофаз, поранешниот началник на Управата за воено разузнавање Ахарон Зеви-Фаркаш, поранешниот началник на јужната команда Сами Тургеман и поранешниот началник на Дирекцијата за операции Јоав Хар. -Де, наведува „Тајмс на Израел“.

Формирањето на овој истражен тим доаѓа 90 дена по нападот на Хамас, по кој Израел и објави војна на палестинската милитантна група.сд/

Остани поврзан