• среда, 18 декември 2024

Началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја поднесе оставка

Началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја поднесе оставка

Сеул, 5 декември 2024 (МИА) - Началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, генерал Парк Ан-су, денеска изјави дека му поднел оставка на поранешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун, поради ненадејното наметнување на одлуката за прогласување воена состојба од претседателот на таа земја, Јун Сук-јеол, објавија денеска јужнокорејските медиуми.

Парк беше назначен да ја води командата за време на воената состојба прогласена во вторникот, која беше укината од претседателот на Јужна Кореја неколку часа откако тој ја прогласи, и откако парламентот усвои резолуција со која се бара укинување на воената состојба.

Генералот Парк изјави дека поднел оставка за време на вонредната седница на парламентарната комисија за одбрана, велејќи дека тој понудил оставка еден ден претходно. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан