• четврток, 05 март 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на Вооружените сили на САД

Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на Вооружените сили на САД

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави.

Во текот на престојот во САД, генералот Лафчиски во Пентагон во Вашингтон ќе има средба со заменик-претседавачот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Кристофер Махони, соопшти ГШ.

Армиската делегација ќе присуствува на церемонијата за примопредавање на должноста на командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт помеѓу генерал-мајор Грегори Најт, кој заминува во пензија, и новиот командант, генерал-мајор Хенри Хардер.

Посетата на македонската армиска делегација на САД ќе вклучи многубројни работни состаноци со високи воени претставници од Пентагон и Националната гарда на Вермонт, како и посети на клучни воени капацитети, со цел да се зајакне и унапреди стратешката одбранбена соработка помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.са/

Фото: ГШ 

 



Остани поврзан