• среда, 13 ноември 2024

Националните телевизии го повикаа Адеми да да го „откочи“ донесувањето на измените на законот за ААВМУ

Националните телевизии го повикаа Адеми да да го „откочи“ донесувањето на измените на законот за ААВМУ

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Телевизиите Телма, Канал 5 Сител, Алсат-М и Алфа го повикаа го претседателот на собраниската комисија за европски прашања  и пратеник Арбер Адеми да го „откочи“ донесувањето на измените на законот за ААВМУ кој треба да обезбеди регулација на односот на телевизиите со кабелските оператори, како и транспарентност при трошење на буџетските пари.

Иван Мирчевски од Македонската медиумска асоцијација - ММА денеска на прес-конференција појасни дека со закочување на Предлог-законотот се овозможува и понатаму Владата да троши буџетски пари на граѓаните без никаква транспарентност и контрола и праша зошто власта не дава одговор колку е потрошено за последните 16 кампањи.

Миречевски информираше дека менаџерите на петте национални телевизии имале повеќе средби со претставниците на СДСМ и на ДУИ и дека констатирале дека една од партиите има неетички став кон една телевизија.

- На средбите ни стана сосема јасно и прецизно дека една од тие две партии имаат крајно непринципиелен и за нас неетички став кон една наша телевизија поради „несогласувањето со уредувачката политика на таа ТВ Компанија“, однесување што е скандал сам по себе, истакна Мирчевски.

Во однос на проблемите со кои се соочуваат, рече дека повеќе од една година Јавното обвинителство во Скопје не донесува обвинителен акт против еден сателитски оператор за кој, како што вели, доставени се голем број на докази и нотарски записници за утврдување на факти. Според нив, се сомневаат дека постои застој во ОЈО поради случај на сериозен кронизам, и најави дека ММА ќе поднесе ургентна претставка до Вишиот обвинител.

-Загрижува фактот што ОЈО не ја гони пиратеријата што е сериозно кривично дело според Кривичниот законик во Македонија кое прави огромна штета на многу субјекти, пред се на гледачите, претплатниците за што доколку треба во блиска иднина ќе се обратиме и до Обвинителскиот совет, истакна Мирчевски.

Тој порача дека овој закон за ААВМУ мора ургентно да се донесе со што, како што рече, конечно ќе се стави крај на самоволието на некои министри кои ги злоупотребуваат парите на граѓаните исклучиво и само за лична промоција. бк/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан