• петок, 27 декември 2024

Национална конференција за одржливи енергетски вештини во градежништвото

Национална конференција за одржливи енергетски вештини во градежништвото

Скопје, 25 септември 2023 (МИА) -  Со учество на претставници од секторот на градежништвото, енергетскиот сектор, компаниите и работодавачите, професионалните здруженија и коморите, како и одговорните министерства и институции, денеска во Скопје започна националната конференција за енергетски вештини во градежништовото. Низ панел дискусии беше разговарано за резултатите и соназнијата на проектот кој од јули 2021 година го спроведува Стопанската комора за да се олесни патот кон поголема видливост и пристапност на енергетските вештини за да се  придонесе во спроведувањето на зелената агенда на ЕУ со овозможување на одржливо градежништво. Ова беше констатирано по конференцијата во која се вклучени десет партнери од пет земји: Холандија, Северна Македонија, Словачка, Словенија и Шпанија, а спроведувањето го предводи Стопанската комора на Северна Македонија како проектен координатор.

Зборувајќи на темата: „Европско и национално законодавство поврзано со т.н. Зелен договор и целите за одржливост“, Јелисавета Георгиева-Јовевска потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија и проектен менаџер за развој на советите, се осврна и на тоа дали нашите компании се запознаени со целите за одржлив развој и “Зелениот договор” и колку од нив активно се вклучени во нивното спроведување, напоменувајќи дека во има доволен број на институции кои ги запознаваат компаниите за активностите кои треба да се направат.

- Првенствено, следи адаптација на законската легислатива, преку обуки, настани и проекти со цел информирање за придобивките и вклучување на бизнис секторот во целиот овој процес. Без компаниите не може да се спроведе процесот, рече Георгиева-Јовевеска.

Таа потенцира дека Комората со своите партнерски институции повеќе од десет години спроведува активности делот за енергетска ефикасност на зградите преку европските фондови.

На конференцијата беа изнесени и податоците дека во рамките на претходните три проекти опфатени се околу 2.000 учесници од градежниот сектор. Од нив 369 градежни професионалци, за девет различни занимања, повеќе од 300 работници поминале обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници добиле сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини.

Преку развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари зголемени се капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби.

Во однос на тоа дали македонските компании се запознаени со целите за одржлив развој и “Зелениот договор” и колку од нив активно се вклучени во нивното спроведување и она што е најважно дали имаат капацитети да ги користат фондовите за имплеменатција на таргетите во нив, како што е енергетска транзиција и нула загадувањето до 2050 година, Георгиева-Јовевска потенцира дека потребата од дигитализација на сите сегменти на општестовото е важна за да се постигнат целите за одржлив развој и “Зелениот договор” е особено важна за, како што вели Георгиева Јовевска, во една мала држава како нашата.

 - Потребен ни е кадар кој одговара на потребите на стопанството. Со тоа ќе добиеме поконкурентна економија, преку дигитализраните системи ќе се создадат процеси во кои корупцијата би се свела на минимум, ќе го задржиме највредното нешто во една земја, а тоа е човечкиот капитал со што би дошле до израз вештините, знаењето и професионализмот, заврши на панелот Георгиева-Јовевеска.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни (SEEtheSkills)”. згм/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан